СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ДЕЈАН ЖИДАН...

Понеделник, 10 февруари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНИОТ ЗБОР НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, ДЕЈАН ЖИДАН

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот збор Дејан Жидан, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа и потпретседателот на Собранието Зеќир Рамчиловиќ и претседателот на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓата Нада Ципушева.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Хаjке Велдман и г. Анe...

Понеделник, 10 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со членовите на Делегацијата на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија, г. Хаjке Велдман и г. Анe Мулдер

Упатувајќи благодарност до Холандија за поддржувањето на политиката на проширување на ЕУ и заложбите Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство, како и за континуираната поддршка за зачленувањето на државата во НАТО, претседателoт Џафери го оцени интензивирањето на директните контакти меѓу пратениците како најдобра можност за изворно запознавање со состојбите и размена на искуства.

Прочитај повеќе

Потпишување на Договор за финансиски придонес...

Четврток, 6 февруари 2020

Потпишување на Договор за финансиски придонес

Собранието на Република Северна Македонија и Владата на Швајцарската Конфедерација претставувана од Федералното министерство за надворешни работи, дејствувајќи преку Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија/Швајцарската Агенција за развој и соработка, на 20 февруари 2018 година потпишаа Меморандум за разбирање на проектот „Програма за поддршка на Парламентот“.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставници на Вестминст...

Среда, 5 февруари 2020

Средба на претседателот Џафери со претставници на Вестминстер фондацијата за демократија и амбасадорката Галовеј

Средбата беше во пресрет на свеченото отворање на Парламентарната буџетска канцеларија во рамките на Службата на Собранието на Република Северна Македонија и претставува посебна организациска единица – Одделение кое според Законот за Собранието на Република Македонија е аналитички центар што служи за унапредување на парламентарниот финансиски надзор преку изготвување стручни финансиски и буџетски анализи за потребите на пратениците и работните тела.

Прочитај повеќе

Парламентарните лидери со предлог нови правила за Собраниет...

Понеделник, 3 февруари 2020

Парламентарните лидери со предлог нови правила за Собранието за неговиот нов состав

Пратеничките партии постигнаа согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието. Тие се обврзаа да го поднесат текстот после изборите.

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛИДЕРИТЕ ...

Петок, 31 јануари 2020

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЛИДЕРИТЕ НА МЛАДИНСКИТЕ СОЈУЗИ ОД КРУШЕВО И СОЛУН

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со лидерите на Младинскиот сојуз Крушево и Младинскиот сојуз УНЕСКО од Солун, Методија Стојчевски и Бабис Папајоану, организатори на младинскиот културен настан во рамките на Преспанскиот договор, заедно со европратениците-копретседавачи на Жан Моне Дијалогот, Андреас Шидер, Илхан Кјучук и Марион Валсман, како и амбасадорот Самуел Жбогар.

Прочитај повеќе

Потпишување на заедничката Декларација на Самитот на претсе...

Среда, 29 јануари 2020

Потпишување на заедничката Декларација на Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во Брисел учествува на Самитот на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент, кој се организира под покровителство на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со европратениците Фајон и Б...

Вторник, 28 јануари 2020 година

Средба на претседателот Џафери со европратениците Фајон и Билчик

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, пред почетокот на Самитот на претседателите на парламентите на земјите од Западен Балкан и на Европскиот парламент, посветен на зајакнувањето на парламентарната димензија на процесот на проширување и улогата на парламентите во реформската агенда за ЕУ, оствари средба со европратениците Тања Фајон и Владимир Билчик, копретседавачи на Групата за демократска поддршка на Западниот Балкан. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претседателката на ДКСК...

Петок, 17 јануари 2020

Средба на претседателот Џафери со претседателката на ДКСК

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупција.

Во име на Државната комисија за спречување на корупцијата, претседателката Билјана Ивановска на претседателот Џафери му ја предаде Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси (2020 – 2024) со Акционен план за нејзино спроведување.

Прочитај повеќе

Изгласана самостојност и независност на собраниската служба...

Четврток, 16 јануари 2020

Изгласана самостојност и независност на собраниската служба

Собранието на Република Северна Македонија на денешната 130. седница, со огромно мнозинство го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието на Република Македонија.

Прочитај повеќе
123...40                                         
Click