2009



Петок, 30 октомври 2009

Екоефикасна економија

На 21 октомври 2009 година Советот на Европската унија усвои заклучоци со кои се препорачува дека прашањата од областа на животната средина кои се вклучени во Лисабонската агенда за периодот после 2010 година, како и Стратегијата на ЕУ за одржлив развој, треба детално да се разгледаат.

Министрите за животна средина нагласија дека моменталната состојба со екологијата треба да се земе како шанса за насочување кон еко-ефикасна економија, при што производството не треба да ја загрозува животната средина. Ова ќе ја подобри благосостојбата на сите граѓани, а истовремено ќе ја намали потрошувачката на енергија, природните ресурси и факторите кои влијаат негативно врз здравјето на луѓето, животната средина, а особено на екосистемите и климатските промени.

Преминот кон еко-ефикасна економија отвора нови можности во стопанисувањето и може да ја поттикне конкурентноста во Европската унија и да го стимулира вработувањето. Во областите како што се градежништвото и домувањето, транспортот, обновливата енергија и рециклирањето, земјите членки на ЕУ треба да донесат стратегија за вработување и обука за да се намалат моменталните празнини во стручната усовршеност на вработените и да поттикнат формирање на нови работни места поврзани со екологијата. 

 

Click