2009

Вторник, 13 октомври 2009 година

КОПЕНХАШКИ ДОГОВОР ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Нов договор за справување со климатските промени е во фаза на подготовка за кој се водат меѓународни преговори. Преговорите треба да бидат склучени на климатската конференција која ќе се одржи во Копенхаген во периодот од 7 до 18 декември 2009 година. Договорот ќе влезе во сила во 2012 година, кога истекува Протоколот од Кјото.

Оваа година во Бон, Германија, се одржани три официјални подготвителни седници кои се однесуваат на договорот кој ќе се склучи во Копенхаген. Втората рунда подготвителни седници се одржаа во Банког од 28 септември до 9 октомври оваа година, а последната рунда подготвителни седници ќе се одржат во Барселона од 2 до 6 ноември 2009 година.

Договорот од Копенхаген е неопходен за наоѓање решение за намалување на емисиите на јаглероден диоксид, што претставува најголема опасност за зголемување на глобалното затоплување.

Ставот на Европската унија е да се донесе сеопфатен договор кој ќе го спречи глобалното затоплување да достигне до опасното ниво - повеќе од 2°C над температурата од прединдустрискиот период. Просечната глобална температура веќе е речиси 0,8°C повисока од онаа од прединдустрискиот период. За да се намали глобалното затоплување е потребно да се намали емисијата на гасови од 25 до 40% до 2020 година, а до 2050 година нивото на јаглероден диоксид да се намали за 50%, односно да се спушти под нивото што беше во 1990 година.

На 10 септември 2009 година Европската комисија предложи глобален план за зголемување на меѓународните финансии кои ќе им помогнат на земјите во развој за адаптација кон климатските промени.


Click