2009



Вторник, 1 декември 2009 година

Нов состав на Европската комисија

Претседателот на Европската комисија, г. Жозе Мануел Баросо, на 27 ноември 2009 година го објави составот на новата Европска комисија. Се очекува новиот тим да ја исполни агендата за промени што г. Баросо ја одреди во политичкиот водич во септември, по неговата номинација од земјите-членки, а пред неговото назначување за претседател на Комисијата од страна на Европскиот парламент.

Новиот колегиум ќе има 7 потпретседатели, вклучувајќи ја и г-ѓа Кетрин Ештон, која истовремено ќе ја извршува функцијата висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, по стапувањето на сила на Лисабонскиот договор на 1 декември 2009 година. Три од потпретседателите ќе бидат жени.

Новиот состав брои 27 членови, по еден од секоја земја-членка, вклучително и претседателот Баросо. Девет од членовите на Комисијата ќе бидат жени. Членовите на Комисијата се од различни политички групи: Европската народна партија, Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи и од Алијансата на либерали и демократи за Европа. Четиринаесет членови, вклучително и претседателот Баросо, беа во претходниот состав на Комисијата.

Новата Европска комисија за периодот до 31 октомври 2014 година мора да биде одобрена од Европскиот парламент. Комесарите ќе имаат индивидуални сослушувања пред парламентарните комитети во периодот од 11 до 19 јануари 2010 година, а гласањето за новиот состав на Комисијата е предвидено за 26 јануари. Новата Комисија ќе биде назначена од Европскиот совет, по што истата ќе може да започне со работа.

Жозе Мануел Баросо - претседател на Европската комисија

Одговорности на комесарите

  • Кетрин Ештон, висок претставник за надворешни работи и безбедност и потпретседател на Комисијата
  • Вивијан Рединг, правосудство, темелни права и државјанство, потпретседател на Комисијата
  • Хоакин Алмунија, конкурентност. Потпретседател на Комисијата
  • Сим Калас, транспорт, потпретседател на Комисијата
  • Нели Кроес, дигитализација, потпретседател на Комисијата
  • Антонио Тајани, индустрија, потпретседател на Комисијата
  • Марош Шефчович, меѓуинституционални односи и администрација. Потпретседател на ЕК.
  • Јанез Поточник, животна средина
  • Оли Рен, економски и монетарни прашања
  • Андрис Пиебалгис, развој
  • Мишел Барние, внатрешен пазар
  • Андрула Василиу, образование, култура, повеќејазичност и млади
  • Алгирдас Шемета, даночна и царинска унија, ревизија и борба против измама
  • Карел де Гухт, трговија
  • Џон Дали, здравство и политика на потрошувачи
  • Мери Џохеган Куин, истражување и иновации
  • Јануш Левандовски, буџет и финансиско програмирање
  • Марија Даманаки, морепловство и рибарство
  • Гунтер Јотингер, енергетика
  • Јоханес Хан, регионална политика
  • Кони Хедегард, климатски акции
  • Штефан Фуле, политика на проширување и добрососедство
  • Ласло Андор, вработување, социјални прашања и инклузија
  • Сесилија Малмстром, внатрешни работи
  • Румјана Желева, меѓународна соработка, хуманитарна помош и дејствување при кризи
  • Дачијан Чолош, земјоделство и рурален развој
Click