2009



Нова Директива за набавки во областа на одбраната и безбедноста 

Новата Директива 2009/81/ЕЗ за набавки во областа на одбраната и безбедноста влезе на сила на 21 август 2009. Директивата е темел на вистинскиот Европски одбранбен пазар поддржувајќи го развојот на Европската снабдувачка база поврзана со одбраната. Досега поголемиот дел на одбрамбени и чувствителни безбедносни договори за набавка беа исклучени од Внатрешниот пазарен правилник.

Една од причините за ова е тоа што постоечките правилници за набавки во ЕУ се сметаат за несоодветни за повеќето одбрамбени и безбедносни набавки. Новата директива значително ќе ја подобри оваа состојба преку овозможувања на правила кои се соодветни за договорите на безбедноста и сигурноста. Земјите-членки во моментов ги имаат на располагање правилницте на Заедницата, кои може да се применат на комплексни и на осетливи трансакции без ризик за законски безбедносни интереси. 

Новата Директива отвора Внатрешен пазар за производи во безбедноста и сигурноста преку воведување на компетитивни правила за набавки приспособени на потребите на овие високо чувствителни сектори.  

Click