2009



21 ноември 2009 година

НОВИОТ ЛИДЕРСКИ ТИМ НА ЕУ

На средбата што се одржа на 19 ноември 2009 година во Брисел, лидерите на земјите-членки на Европската унија со големо задоволство го потенцираа значењето на Лисабонскиот договор, кој влегува во сила на 1 декември 2009 година. Договорот го поставува темелот за подемократска, поефикасна и потранспарентна Европска унија, овозможувајќи подобро справување со претстојните предизвици. 

Лисабонскиот договорот предвидува две функции, постојан претседател на Европскиот совет и висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика. На средбата во Брисел, лидерите на земјите-членки на ЕУ постигнаа политички договор, Херман Ван Ромпуј да ја извршува функцијата иден претседател на Европскиот совет, со мандат од две и пол години и право на еден реизбор. Изборот ќе го изврши Европскиот совет.

Функцијата висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика ќе ја врши Катрин Ештон, со мандат од пет години и право на реизбор. Именувањето ќе го изврши Европскиот совет, во согласност со претседателот на Комисијата. 

Формалните одлуки за именувањата ќе се донесат по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор.


Click