2009



14 октомври 2009 година

Процес на проширување на Европската унија: Година на напредок на земјите од Западен Балкан и Турција

Денеска Европската комисија ја усвои Годишната стратегија за проширувањето на ЕУ, за напредокот на земјите од Западен Балкан и Турција.

Во рамките на постигнатиот напредок, Комисијата одлучи да препорача отворање на преговори со Република Македонија.

Република Македонија оствари значаен напредок и суштински се осврна на клучните приоритети на партнерството за пристапување. Комисијата смета дека земјата доволно ги исполнува политичките критериуми од Копенхашкиот Европски совет во 1993 година, Процесот за стабилизација и асоцијација, и поради тоа одлучи да препорача отворање на пристапни преговори.

Визната либерализација за граѓаните на Република Македонија, Црна Гора и Србија на почетокот на 2010 година ќе донесе вистински придобивки за граѓаните.

Презентирајќи  го пакетот на проширувањето, Комесарот за проширување Оли Рен истакна дека: „Стратегијата за проширувањето претставува доказ на нашата обврска за европска иднина на земјите на Западен Балкан и Турција".

 

Click