2009



22 октомври 2009 година

Рурален развој: одобрени национални/регионални предлози за користење на средствата од Заедничката земјоделска политика и Европската програма за економско закрепнување

Комисијата за рурален развој го одобри првиот бран на предлози од земјите членки/регионите на ЕУ за користење на средствата од Фондот за рурален развој на Европската унија. Земјите членки/регионите на ЕУ поднесоа амандмани на Програмите за рурален развој за да обезбедат користење на дополнителни средства предвидени според Заедничката земјоделска политика и Европскиот план за економско закрепнување, што беше договорено во ноември 2008 година.

Дополнителните средства изнесуваат 4,4 милијарди евра и според Програмите за рурален развој треба да бидат потрошени во периодот од 2009 до 2013 година. Земјите членки/регионите на ЕУ ги определија нивните приоритети, меѓу кои беа предвидени климатските промени, реструктуирање на млечната индустрија и мрежно поврзување на руралните подрачја.

Опции за искористување на средствата

Заедничката земјоделска политика ќе обезбеди дополнителни 3,4 милијарди евра за земјите членки/регионите на ЕУ преку нивните програми за рурален развој за периодот од 2010 до 2013 година за следниве области: климатски промени, управување со водите, обновлива енергија, биодиверзитет, реструктуирање на млечната индустрија и иновации поврзани со наведените области. Европскиот план за економско закрепнување ќе обезбеди дополнителни средства во износ од 1 милијарда евра за мрежно поврзување на руралните подрачја и за другите наведени приоритети.


 

Click