2009



Вторник, 13 октомври 2009

Стратегија за проширување и извештаи за напредокот за 2009

На 14 октомври 2009 Европската комисија ќе го усвои годишниот стратешки документ кој се однесува на политиката на ЕУ за проширување. Документот го содржи постигнатиот напредок во изминатите 12 месеци, на земјите кандидати Хрватска, Република Македонија и Турција, како и потенцијалните земји кандидати Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово.

Извештаите на Европската комисија за напредокот за 2009 година даваат оценка за достигнувањата на секоја земја кандидат и потенцијалните кандидати во текот на мината година.

Информациите од "пакетот за проширување" содржат и повеќегодишна финансиска рамка која ја поставува финансиската помош достапна за реформските напори на земјите кандидати и потенцијални кандидати за следните неколку години.

Click