2009



Тестирање на предлогот на Мајкрософт заради обезбедување на мрежни пребарувачи по избор на потрошувачите

Европската комисија ги поканува потрошувачите, софтверските компании, производителите на компјутери и останатите заинтерсирани страни да дадат коментари за предлогот на Microsoft кој треба да им овозможи на постојните и идните корисници на оперативниот систем Windows поголем избор при користењето мрежни пребарувачи.

Европската комисија на 15 јануари 2009 година изрази загриженост во однос на можноста Microsoft да ги прекрши правилата од Договорот на Европската Заедница и да ја злоупотреби доминантната позиција (член 82) со тоа што ги обврза корисниците на оперативниот систем Windows да го користат пребарувачот Internet Explorer. Во јули 2009 година Microsoft подготви дополнета верзија на предлогот кој го предаде на Комисијата.

Дополнувањата се однесуваат на подобро информирање на корисниците на мрежни пребарувачи, карактеристиките на секој од пребарувачите, подобрени услуги за корисниците и можност Комисијата да направи ревизија за да се осигури дека предлозите се навистина во корист на корисниците.

Заинтересираните страни можат да ги поднесат своите забелешки во рок од еден месец, до 09 ноември 2009 година.

Комисијата го поздравува предлогот на Microsoft поради можноста да им се понуди вистински избор на европските потрошувачи, за пристап и користење на интернет. По испитувањето на пазарот Комисијата може да донесе одлука согласно член 9 од Регулативата 1/2003 на Советот, за имплементација на правилата за конкуренција регулирани со членовите 81 и 82 од Договорот на Европската Заедница, со што овие подобрувања ќе бидат обврзувачки за Microsoft.

Комисијата исто така ги поздравува подобрувањата на полето на интерoперабилното информирање, што Microsoft ќе го објави на својот веб сајт за да биде достапно за јавноста.

Click