2010



Среда, 19 мај 2010 година

Дводневен состанок на Советот за конкурентност

Дводневниот состанок на Советот за конкурентност кој ќе се одржи на 25 и 26 мај ќе биде наменет на прашања кои се од  суштинско значење за развојот на идната ЕУ-стратегија за економски раст и работни места. Стратегијата позната како „Европа 2020" се очекува да биде усвоена од страна на Европскиот совет на 17 јуни.

Во овој контекст, министрите во своите обраќања ќе се фокусираат на внатрешниот пазар, кој претставува цврста основа за успех на новата стратегија, како и неколку сродни аспекти за  функционирањето на системот трговска марка, имплементација на директивата за услуги и подобрувањето на правата на потрошувачите.

Од страна на Советот, исто така се очекува да бидат усвоени заклучоци во поглед на создавање иновативна Европа; промоција на чисти и енергетски ефикасни автомобили; развојот на Европска истражувачка област како и поедноставувањето на програмите за истражување.

 

Click