2010

Среда, 19 мај 2010 година

Конференција на високо ниво на тема: Европска унија по Лисабонскиот договор

Истакнати креатори на политики, академици и новинари, на 25 и 26 мај ќе се сретнат во Европскиот парламент во Брисел, со цел да го разгледаат влијанието на Лисабонскиот договор врз Европската унија.

Глобалната конференција „Жан Моне“ е организирана од страна на Европската комисија, која секои две години упатува покана до Здружението за истражување на Европската заедница да земе учество на овој настан.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо, ќе одржи говор на отворањето на конференцијата, а Комесарот за образование, култура, повеќејазичност и младина, Андрула Василиу, ќе ја претстави наградата „Жан Моне“ за 2010 година за посебни достигнувања во областа на студиите за европска интеграција.

Програмата „Жан Моне“ востанови традиција на консултирање со академскиот свет со цел да се даде размислување за актуелните прашања кои се однесуваат на европската интеграција. Овие размислувања често прераснуваат во големи меѓународни конференции со учество на креатори на политики, граѓанското општество и врвни академици. Програмата „Жан Моне“ придонесе за поедноставување на глобалниот дијалог и повеќепати досега даде насоки за водењето политика на Европската комисија.

Повеќе информации за Конференцијата „Жан Моне“ на http://ec.europa.eu/education/jean-monnet/doc822_en.htm.

 
Click