2010



Среда, 21 април 2010 година

Програма за работа на Европската комисија за 2010 година

Европската комисија на 31 март ја усвои Програмата за работа за 2010 година со која се одразува определбата на Комисијата да ја води Европа надвор од економската криза и да испорача политика која ќе биде од директна корист за граѓаните. Комисијата усвои листа со 34 стратешки приоритети за имплементација до крајот на годината и постигната е согласност за други 280 позначајни предлози кои би се разгледувале дополнително.

Со оваа програма, Комисијата ги поставува главните политички заложби кои ќе ги спроведува во наредните години. Новата Комисија ќе дејствува во следните четири главни насоки:

  • справување со економската криза, одржување на социјалната и пазарната економија во Европа (зголемен фискален надзор, предлози за опоравување на финансиските пазари, петте иницијативи од Стратегијата Европа 2020);
  • градење на граѓанска агенда во која граѓаните се во центарот на европската акција (Стокхолмскиот акционен план, процедурални граѓански права, спроведување на пресудите во граѓански и кривични предмети, ревизија на директивата за работното време, новата Стратегија за биодиверзитет и капацитетите на ЕУ за справување со природни несреќи и катастрофи);
  • развивање на амбициозна и кохерентна надворешна агенда на глобално ниво (воспоставување на Европска служба за надворешно дејствување, трговска стратегија за Европа до 2020, управување со процесот на проширување на ЕУ, акциониот план до 2015 година за Милениумските развојни цели и континуираното развивање на билатералните односи) и
  • модернизирнизација на инструментите на ЕУ и начинот на работа (поголемо фокусирање кон регулативите, прилагодување на финансиската рамка на Унијата преку ревизија на Буџетот).

Годишно, Комисијата ќе врши ревизија на Програмата за работа и нејзиното спроведување, ќе поставува нови годишни стратешки иницијативи. 

Click