2010



Среда, 19 мај 2010 година, Совет за општи работи

Стратегијата на ЕУ 2020 - одраз на економскиот контекст

На 10 мај 2010 година беше одржан состанок на Советот за општи работи, како подготовка за состанокот на Европскиот совет на 17 јуни. По завршувањето на состанокот, министерот за надворешни работи на Кралството Шпанија, земја актуелен претседавач со ЕУ, Мигел Анхел Моратинос, одржа прес-конференција на која истакна дека земјите-членки на ЕУ се заинтересирани Стратегијата 2020 да го рефлектира новиот економски контекст, кој произлезе како резултат на мерките усвоени на средбите на Еврогрупата и Екофин.

Министерот Моратинос ги истакна позитивните мерки кои беа претходно усогласени, кои според него дадоа „одлучен и сеопфатен одговор на одредени шпекулации".

Тој додаде дека на состанокот во јуни, Советот сака да види „целосен развој на одлуките кои се неодамна донесени", но исто така спoред него треба да се вклучи и „визија за нова стратегија на ЕУ за економски раст и создавање работни места, позната како Стратегија 2020".

Моратинос најави дека втората точка на дневниот ред на состанокот на Европскиот совет на 17 јуни e „како правилно да се подготват ставовите на ЕУ за да се обезбеди исполнувањето на Милениумските развојни цели".

Како трета точка по која се расправаше на состанокот беа климатските промени. Моратинос истакна дека „По Конференцијата за климата во Копенхаген, ЕУ мора да го потврди својот став во врска со климатските промени на највисоко ниво, со цел да биде подготвена за конференцијата која ке следи во Канкун, со цел да се реализираат утврдените приоритети".

 

Click