2010

Вторник, 25 мај 2010 година

СТРЕМЕЖ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА КЛИМАТСКИ ПОДОБРУВАЊА

Европската комисија ќе презентира анализи за импликациите на зголемување на целите на ЕУ за намалување на емисиите на стакленички гас до 2020 година за 20% до 30% (споредено со нивото од 1990).

Документот ќе ги испитува придобивките и трошоците од редуцирањето на емисиите на гас до 30% како и практичните опции за подобрување. Исто така, ќе се утврди ризикот од „истекување на јаглерод“ , релокација преку енергетски сектори на земјите кои воведуваат помалку ограничувања за емисиите на јаглерод, поради резултатите од Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации која се одржа минатиот декември во Копенхаген.

Намалувањето на емисиите на гас за 20% е  заложба на Европската унија уште од 2007 година и имплементирана преку енергетскиот и климатскиот пакет од 2008 година. Оттогаш Европската унија е ставена во неповолна конкурентна положба, бидејќи економиите на САД и Азија, за разлика од  Европа, инвестирале многу повеќе во намалување на емисии на јаглерод. Поради ова неопходно е да се земе предвид зајакнувањето на целите за подобрување на емисии на гас од климатските и енергетските пакети.

 

Click