2012



Понеделник, 23 јануари 2012 година

2012 - ЕВРОПСКА ГОДИНА НА АКТИВНА СТАРОСТ И СОЛИДАРНОСТ МЕЃУ ГЕНЕРАЦИИТЕ

На 18 и 19 јануари оваа година, во рамките на Данското претседателство со Советот на Европската унија, во Копенхаген се одржа Конференција посветена на Европската година на активна старост и солидарност меѓу генерациите. Во фокусот на конференцијата беа опциите кои активната старост и солидарноста меѓу генерациите ги обезбедуваат за поединецот, како и за општеството во целина, како и дебатите за промените и иновативните решенија. Беа презентирани бројни позитивни примери за тоа како различни европски земји се справуваат со активната старост.

Европејците денес живеат подолго од претходно, но истовремено се и со подобро здравје. Факт е дека Европа се соочува со демографски предизвик, до 2017 година, ќе има помалку млади луѓе кои работат од оние кои ќе бидат пензионери, додека бројот на луѓе со наполнети 65 години е во пораст. Демократскиот развој претставува повеќе од предизвик, тој е единствена можност да се нагласат многуте ресурси и искуството кои го имаат пензионерите.

Активната старост е пресуден фактор за одржување на солидарноста меѓу генерациите во општеството. Постарите граѓани имаат што да им понудат на помладите генерации и обратно. Активната старост и доброто здравје им дава можност на европските пензионери да останат активни на пазарот на трудот во подолг временски период, да играат активна улога во општеството на подолг временски период и да бидат здрави и независни.

Предизвик за политичарите, компаниите и учесниците од јавниот и приватниот сектор е да се обезбедат подобри можности за активната старост за сите возрасни групи - да се живее здрав и самостоен живот, да се биде активен учесник во заедницата вклучително и во пазарот на труд, образовниот систем и граѓанското општество. Целта на Европската година е да се подигне свеста, да се зголеми вниманието кон овие предизвици како и можностите кои следат, но и да се охрабрат политичарите и засегнатите страни да постават цели и да преземат акции за нивно исполнување. Во 2012 година, покрај дебатите, се очекуваат и видливи резултати.

Повеќе информации на официјалната веб-страница:
http://europa.eu/ey2012

Click