2012



Петок, 30 март 2012 година

ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА СПОРТОТ

Во рамките на Данското претседателство со Советот на Европската унија, во заедничка организација на Министерството за култура, Националниот олимписки комитет и спортските организации на Данска, Меѓународната спортска и културна асоцијација, на 19 и 20 март во Копенхаген се одржа конференција насловена „Визија за спортот 2012".

На конференцијата учествуваа околу 370 експерти од земји-членки на ЕУ, а целта на организаторите беше да се постави нова агенда - како да се придонесе што повеќе европејци активно да учествуваат во спортот и како да се развива слободна спортска анти-допинг клима.

Од Конференцијата „Визија за спортот 2012", беа испратени пораки кои се однесуваа на следните три области:

1. Во однос на волонтерство - се истакнува дека волонтерската работа претставува камен-темелник на спортот, се нагласува потребата за поддршка на волонтерска работа и за отстранување на бариерите, за развивање на економската препознатливост на волонтерството, за промовирање на волонтерството во релевантните национални и меѓународни политики и стратегии за доживотно учење.

2. Во делот за ефикасна борба против фитнес допингот се нагласува на потребата за зајакнување на меѓународната координација во борбата против фитнес допинг от преку развивање на партнерства и методи за размена на знаења и најдобри практики меѓу анти-допинг организациите, спортските организации, фитнес индустријата, националните власти и релевантните меѓународни актери; обезбедување на соодветна законска регулатива во борбата против нелегални допинг-супстанции.

3. Во врска со финансирањето и здравството, со цел да се реализира огромниот потенцијал на спортот, потребно е да се зајакне улогата на ЕУ и земјите-членки за промоција на "спортот за сите"; поставување на прашањето на политичката агенда на меѓународно, национално и локално ниво; целосно искористување на потенцијалот со цел поактивно учество на граѓаните во спортот заради подобрување на јавното здравје и социјалната инклузија; "спортот за сите" базиран на компетентна доброволна активност се препознава како можност за остварување на важни општествени цели, вклучително и одржлива економија.


Повеќе информации на следниот линк:
http://www.sportvision2012.eu

Click