2012

Вторник, 19 јуни 2012 година

НЕФОРМАЛЕН ДОГОВОР НА ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ ПРИСТАП И СОРАБОТКА НА ДЕЦЕНТРАЛИЗАНИТЕ АГЕНЦИИ НА ЕУ

Во Стразбур на 12 јуни 2012 година, претставници на Европскиот парламент, Советот и Комисијата се согласија за заедничка изјава и заеднички пристап кон децентрализираните агенции на ЕУ. Договорот во голема мера ќе го подобри управувањето и ефикасноста на агенциите и ќе ги направи поефикасни во спроведувањето на политиките на ЕУ. Тоа сега ќе биде официјално потврдено од институциите. Овој заеднички пристап на децентрализирани агенции на ЕУ е резултат на заеднички труд на трите институции на ЕУ.

Во март 2009 година, по Соопштението на Комисијата насловена „Европски агенции: патот напред" започна Меѓуинституционалната работна група (IIWG) со која претседаваше Комисијата, за да разговараат за управување и функционирање на Европските агенции. Во опсегот на работната група спаѓа бројот на клучните прашања, вклучувајќи ја и улогата и позицијата на агенции во институционален пејзаж на ЕУ, создавањето, структурата и функционирање на овие агенции, заедно со финансирање, буџетски надзор и управување со клучни прашања. Триесет и четири документи беа подготвени за идентификација на постоечката состојба, проблемите, можните решенија и нивна имплементација. По преговорите, Европскиот парламент, Советот и Комисијата постигнаа неформален договор во Стразбур на 12 јуни 2012 година.

Заедничкиот пристап содржи голем број на подобрувања, вклучувајќи: целосна проценка на влијанието пред  да се одлучи  да се создаде нова агенција, критериуми за избор на седиште и аранжмани за седиштето, редовни целокупни евалуации (на секои пет години) и воведувањето на клаузули за прегледност кои  предвидуваат  можност за спојување или за затворање на агенции, Ex-ante и ex post евалуација на програми на агенциите и нивните активности, развој на клучните индикатори, повеќегодишно програмирање да се поврзе со повеќегодишното планирање на ресурсите и посилна врска меѓу акциите кои се вршат од страна на агенцијата и човечки и финансиски ресурси, рационализација на структурата на управување и појаснување на надлежностите.

Заедничкиот пристап се однесува 31 децентрализирана агенција, опфаќајки ги сите земји-членки. Активностите на агенциите се различни: некои испорачуваат поддршка во процесот на донесувањето на одлуките на Унијата со здружување на стручноста, некои донесуваат индивидуални одлуки за примена на веке востановени Европски стандарди, а други нудат помош за имплементација на политиките на Заедницата.

Децентрализираните агенции на ЕУ вработуваат повеќе од 5.000 луѓе и добија 737.000.000 € од буџетот на ЕУ во 2011 година. Комисијата ќе предложи план за спроведување на овој договор до крајот на 2012 година, најдоцна, земајќи ги во предвид  уникатните карактеристики на секоја агенција.

Повеќе информации на:  http://eu2012.dk/en

Click