2012



Вторник, 26 јуни 2012

НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ПЛАН ЗА РАЗВОЈ НА ЕУ

Европската унија е на пат да ја постигне целта за обезбедување 20% од енергијата преку обновливи извори на енергија до 2020 година, како дел од пошироката стратегија за справување со климатските промени. Поради тоа, ЕУ е насочена кон новите предизвици кои ќе следат по 2020 во полето на обновливите извори на енергија.

За да одговори на новите потреби и предизвици, Европската комисија ги разгледува можностите да се намалат трошоците преку покоординиран пристап и развивање нова ЕУ политика по 2020 година.

Трошоците за производство на енергија од обновливи извори би можеле да се намалат со стимулирање на поголема конкуренција во европскиот енергетски пазар. Потребно е да се преиспитаат енергетските даноци, за да може да се зајакнат инвестициите во технологиите кои произведуваат помалку јаглероден диоксид. Истовремено, поддршката за обновливи извори на енергија треба постепено да се намали или укине, за да се поттикне овој сектор да стане конкурентен на долг рок. Националните програми за поддршка исто така треба да се изменат во насока на намалување на трошоците за производство. Тие треба да бидат поедноставени и усогласени ширум ЕУ, со што ќе се намалат административните трошоци за индустријата.

ЕУ треба да го охрабри производството на соларна енергија и енергија од ветер онаму каде што производството е поевтино, исто како што компаниите тоа го прават за другите продукти и услуги. Тогаш ЕУ земјите ќе можат да купат ветерна или соларна енергија од друга ЕУ земја или надвор од ЕУ за многу пониска цена, отколку да развиваат сопствени обновливи извори.

Комисијата започна процес на развивање политики за периодот после 2020 година, со кои ќе се подобри иновацијата и ќе се намалат трошоците. Со развивање на политики сега ќе се охрабрат индустриите да направат долгорочни инвестиции кои се потребни за обновливите извори на енергија.

На 6-ти јуни 2012 Европската комисија го претстави новиот документ (COM/2012/217) за обновливи извори на енергија, каде се зацртани насоките за периодот после 2020. ЕУ е посветена на намалување на емисиите на јаглероден диоксид до 80-95% под нивото од 1990 година до 2050 година, што е зацртано во документот на Комисијата „Енергетска мапа 2050“ (COM/2011/112).

Повеќе информации на http://ec.europa.eu/energy/renewables/index_en.htm

Click