2012



Петок, 30 март 2012 година

НОВA ЕВРОПСКА AГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ГОЛЕМИ ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ

На 25 октомври минатата година од страна на Европскиот парламент и Советот беше усвоена Регулативата 1077/2011 за основање на Европска агенција за оперативно управување на големи информатички системи во областа на слободата, безбедноста и правдата. Агенцијата беше промовирана на 22 март годинава во Талин, Естонија во присуство на европскиот комесар за внатрешни работи, Сесилија Малстром.

Седиштето на агенцијата ќе биде во Талин, додека оперативното управување на големите системи ќе се врши во Стразбур, Франција и Санкт Јохан, Австрија.

Агенцијата треба да стане целосно функционална од декември 2012 година, со што ќе биде одговорна за оперативно управување на три големи информатички системи:

  • EURODAC - информатички систем за споредување на оптечатоци од прсти на баратели на азил и илегални имигранти;
  • VIS - информатички визен систем кој го поддржува спроведувањето на заедничката визна политика и за обезбедување ефикасна гранична контрола;
  • SIS II - Шенген информатички систем од втора генерација, кој има за цел олеснување на размената на информации за лица и предмети помеѓу националните органи за гранична контрола, царина, полиција, визни и судски органи во Шенген зоната. Системот ќе биде оперативен и управуван од Агенцијата од март 2013 година. Во однос на Шенген информатичкиот систем од првата генерација, новиот систем функционално ќе биде подобрен со можност за вклучување и на биометрички податоци.

Основнa задачa на Агенцијата ќе бидe да ги одржува системите во функција 24 часа на ден, седум дена во неделата, како и  да обезбеди на континуирана, непрекината размена на податоци помеѓу националните власти.

Агенцијата ќе биде одговорна за усвојување на неопходни мерки за гарантирање на безбедност на системите и податоците, за организирање на обуки за ИТ експерти на системите со кои управува Агенцијата, ќе објавува извештаи и статистики, ќе ги следи истражувањата релевантни за оперативно управување на системите.

Агенцијата е формирана како регулаторно тело, ќе биде раководена од Управен одбор во кој ќе учествува по еден претставник од секоја земја-членка на ЕУ, и два члена од Европската комисија. Во Агенцијата ќе учествуваат и земјите поврзани со имплементацијата, спроведувањето и развојот на Шенген aqcuis и мерките поврзани со EURODAC.

За непречена размена на информации помеѓу националните власти, како и за побезбедна средина, сигурност и соодветната заштита на основните права, информатичките системи треба да бидат во постојана операбилност и технолошки да се надградуваат.

За повеќе информации нa слeдниот линк:
http://ec.europa.eu/home-affairs/news/intro/news_201203_en.htm

Click