2012



Вторник 24 април 2012 година

НОВИ МЕРКИ ЗА ЗАЗДРАВУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНОСТА ВО ЕУ

Во Европската унија во периодот на справување со ефектите од економската криза, создавањето на работни места претставува едно од најголемите прашања кои предизвикуваат загриженост. Според податоците од Еуростат во февруари оваа година, стапката на невработенст во ЕУ се искачила на ниво од 10.8% од вкупната работна сила, односно 24,5 милиони луѓе се невработени.

Европската комисија на 18 април годинава ги повика националните влади на земјите членки за координирано дејствување во креирање на нови работни места, за реформи на пазарот на труд, инвестиции во вештини, политики за вработување и финансирање.

Со цел да одговори на овој предизвик, Европската комисија предложи препораки, со цел на најдобар начин да се зголеми побарувачката на работници и да се помогне на луѓето да најдат работа. Дел од препораките се генерални, а дел се однесуваат конкретно за одредени специфични сектори. Препораките имаат за цел да се обезбедат повеќе обуки и можности за луѓето кои бараат работа, на оние кои имаат работа да им се обезбедат дополнителни вештини и да се обезбеди поддршка на работодавачите за да креираат нови работни места.

Во препоракитe Европската комисија повикува на следното:

  • поттикнување на нови работни места преку поддршка на бизнисите, претприемништвото, самовработени лица;
  • одредување на клучни индустрии кои ќе создаваат работни места: зелена економија, секторот за здравствена и социјална заштита, дигитална економија и други;
  • користење на постојните ЕУ програми за финансирање на нови работни места;
  • развивање на програми за поттикнување на доживотното учење и обезбедување на обука за младите луѓе за унапредување на кариерата;
  • реформирање на пазарите на работна сила заради задоволување на потребите во иднина;
  • инвестирање во вештини за обука;
  • отстранување на пречките при барање на работа во друга земја на ЕУ;
  • прецизирање на планови вклучително и базата со податоци за работните места EURES,
  • подобрување на координацијата на политиките за вработување во Европа и зголемување на вклученоста на работодавачите и работните групи во креирање на политиките за вработување.

Доколку се имплементираат препораките на Европската комисија ќе придонесат во постигнувањето на една од клучните целите на Стратегијата ЕУ 2020, а тоа е 75% од луѓето на возраст од 20-64 години да се вработат до 2020 година.

Click