2012



Понеделник, 21 мај 2012 година

ПОДДРШКА ЗА ПОЗЕЛЕНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Еден од поважните елементи од предложените реформи на Европската комисија во поглед на Заедничката земјоделска политика е озеленувањето (Greening). Предлогот е специфичен од аспект на неговата применливост имајќи ги предвид различните услови што треба да ги исполнат земјите-членки на Унијата.

Комисијата со предлогот препорачува дека 30 проценти од директните плаќања на земјоделците ќе зависат од тоа колку истите ќе ги исполнат барањата за обезбедување на позелено производство во поглед на зајакнување на животната средина, климата и природата.

На состанокот на министрите за земјоделство на Европската унија  што се одржа на 15 мај годинава во рамките на Данското претседателство со Советот на ЕУ, беа изнесени бројни предлози за измени на предлогот на Комисијата:

  • проширување на опфатот на „зелено по дефиниција“, односно да не се однесува единствено на органско земјоделско земјиште туку и на земјоделско земјиште кое се обработува според одредени сертифицирани планови за животна средина,
  • зголемување на прагот на диверсификација на културите од 3 на 10 и/или повеќе хектари,
  • приспособување на 7% од условите за обработливо земјиште што треба да се резервира за еколошките средини за да може да се вклучат повеќе од применливите практики од Руралната програма. Исто така условите да бидат повеќе насочени кон регионот, а не кон индивидуалните фарми.

Данското претседателство ќе продолжи да работи на предлогот за озеленување, истиот да се разгледа и дискутира и од страна на релевантни експертски тела. Претседателството има намера на состанокот на Советот на министри што треба да се одржи на 18 јуни годинава, да презентира извештај за напредокот на реформата во Заедничката земјоделска политика.

Click