2012



Петок, 6 јули 2012 година

ПРИОРИТЕТИ НА КИПАРСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО СОВЕТОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Република Кипар од 1 јули годинава го превзеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската унија. Кипарското претседателство ќе работи кон Подобра Европа, Унија која е порелевантна за своите граѓани и светот, поефикасна Европа, која придонесува за одржлив раст, социјална кохезија и отворање на работни места преку ефикасни и интегрирани јавни политики, Европска унија која работи врз основа на принципот на нагласување на принципот на солидарност, посветувајќи се на подобра иднина.

Во текот на претседателството, Кипар ќе се занимава со клучните прашања од агендата на ЕУ, како Повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2014-2020. Повеќегодишната финансиска рамка е можност за договор за буџетот кој ќе придонесе за раст и одржлив развој, промовирање на ефикасни јавни политики, зголемување на конкурентноста на ЕУ и отворање на нови работни места.

Во работењето Кон подобра Европа, Кипарското претседателство ги постави следниве четири приоритети:

  1. Европа, поефикасна и одржлива;
  2. Европа на подобри достигнувања и економија базирана на раст;
  3. Европа порелевантна за своите граѓани, солидарност и социјална кохезија и 
  4. Европа во светот, поблиска до соседите

Претседателството тесно ќе соработува со Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и Службата за надворешни активности на Европа, кои се одговорни за надворешните и безбедносни прашања и обезбедување на кохерентност и континуитет.

За повеќе информации на следниот линк:
http://www.cy2012.eu/en/page/home

Click