2012



Вторник, 26 јуни 2012

ПРИОРИТЕТИТЕ НА ЕУ ВО РИО +20: КОНФЕРЕНЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

Во текот на јуни 2012 година во Рио де Жанеиро се одржа Конференција на Обединетите нации за одржлив развој (Рио+20). Конференцијата даде одлична можност за обновување на политичката заложба за одржлив развој, оценување на напредокот и детектирање на недостатоците при процесот на имплементацијата и соочувањето со новите предизвици. Тоа е остварено преку две испреплетени теми, „зелена економија во контекст на одржлив развој и искоренување на сиромаштијата“ и „институционална рамка за одржлив развој“. За Европската унија Рио +20 е почеток на глобалниот премин кон зелена економија, пат кон остварување на целите на глобалната безбедност на храната и искоренување на сиромаштијата.

ЕУ се надева дека Конференцијата Рио +20 ќе го одбележи почетокот на забрзан,  длабок и светски премин кон зелена економија - економија која генерира раст, создава нови работни места и ја искоренува сиромаштијата, преку инвестирање во зачувување на природниот капитал од кој зависи долгорочниот опстанок на нашата планета.

Еден од главните исходи од Рио +20 е „Глобална карта кон зелена економија“ со мерливи резултати и договорени временски рокови. Со ова се обезбедува сите идни политики да се развиваат кохерентно и на начин на кој се трансформира глобалната економија во одржлив модел на раст, обезбедувајки квалитет на живот за најголем број на луѓе во рамките на еколошките лимити на планетата. Со оглед на фактот што егзистенцијата на две милијарди сиромашни луѓе во светот зависат директно од екосистемите, како што се шумите и сувите пасишта, мерките за решавање на земјиштето и деградацијата на почвата, заедно со ефикасноста на ресурсите, се од витално значење за намалување на сиромаштијата.

Во таа насока, Европската унија се фокусира кон ограничен број области кои имаат најголемо влијание врз процесот на премин кон инклузивна зелена економија како што се одржливата енергија, водата, океаните (морската средина и рибарство), одржливо управување на земјишните екосистеми и ефикасност на ресурсите (вклучувајќи го управувањето со отпад).

Целта на конференцијата Рио +20 е да се обезбеди обновената политичка заложба за одржлив развој, да се процени напредокот до денес и да се лоцираат преостанатите недостатоци во спроведувањето на резултатите од големите самити за одржлив развој.

Click