2012



Вторник, 17 јули 2012 година

РЕФОРМА НА ЗАЕДНИЧКАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПОЛИТИКА И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

На 10 и 11 јули 2012 година во Европскиот парламент пред Комитетот за земјоделство и рурален развој (AGRI), Комитетот за животна средина, јавно здравство и безбедност на храна (ENVI) и Комитетот за рибарство (PECH), беа презентирани приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на Европската унија.

Во контекст на преговорите за реформата на Заедничката земјоделска политика на Унијата, главна цел на претседателството е да се усвои генерален пристап за четири предлог-регулативи, во ноември годинава на Советот за земјоделство и рибарство. Претседателство ќе вложи силни напори со цел да се усвои регулатива за винова лоза и преодната регулатива за директни плаќања да стапи во сила од јануари следната година.
 
За време на претседателството се очекува Комисијата да предложи значајни измени на законодавството во областа на здравјето на животните, сточарско производство и храна од животинско потекло.

Во однос на рибарството, главната цел на претседателство е да се постигне чекор напред во новата реформа на Заедничката политика за рибарство. Во поглед на прашањата од областа на животната средина, водите и климатските промени, ќе се усвои заклучок на Советот во однос на планот за заштита на европските води, врз основа на документ што ќе биде презентиран во ноември од страна на Комисијата.

За повеќе информации на следните линкови:
http://www.europarl.europa.eu/news/en/pressroom
http://www.cy2012.eu/

Click