2012



Среда, 18 април 2012 година

СВЕТСКАТА БАЗА НА ПОДАТОЦИ (WIOD) ДОСТАПНА ДО ЈАВНОСТА

Европската комисија на 16 април 2012 година во Брисел организираше конференција на високо ниво на тема „Конкуреноста, трговијата, животната средина и работните места во Европа". Истиот ден за пошироката јавност беше достапна за користење новата светска база на податоци WIOD (World Input Output Database).

Базата содржи податоци за 27 земји-членки на Европската унија и 13 поголеми земји во светот и го опфаќа периодот од 1995 до 2009 година.

Базата е развиена заради анализа на ефектите од глобализацијата врз различните видови на трговија, притисокот врз животната средина и социо-економскиот развој во повеќето земји во светот.

Проектот за развивање на база на податоци започнал во мај 2009 година и истиот е финансиран преку Седмата Рамковна програма за истражување и развој на Европската комисија, со поддршка на WTO и OECD. Проектот имал за цел да се креира база на податоци која ќе претставува збир на хармонизирана понуда и табели за користење со податоци за меѓународната трговија со стоки и услуги. Податоците на ниво на индустријата заедно со опширните пресметки со индикаторите од областа на животната средина и социо-економските индикатори ќе обезбедуваат пристап до различни видови на модели кои ќе можат да се користат за оценка на политиките насочени кон постигнување на баланс помеѓу растот, животната средина и нееднаквоста во светот.

Користејќи податоци од новата база на податоци, учесниците на конференцијата дискутираа за импликациите на европските политики поврзани со порастот на глобалните вредности и промените во трговијата. Недостатокот од соодветна база на податоци досега претставуваше пречка во разбирањето на импликациите кои влијаат на промената на структурата и начинот на кој се одвива трговијата.Традиционалните статистики од областа на трговијата недоволно овозможуваа информации. Преку новата база на податоци ќе се продлабочат знаењата за причините и ефектите на зголемување на меѓусебната поврзаност на земјите и индустриите, ќе им помогне на креаторите на политиките подобро да одговорат на економско-социјалните предизвици и предизвиците од областа на животната средина.

Светска база на податоци овозможува преглед на движењето на трговијата одделно во секоја земја и индустрија. Базата на податоци била користена за да се изврши пресметка на вработеноста и емисиите на CO2 создадени како резултат на извозот и увозот на светските водечки економии. Исто така и да се изврши анализа за степенот до кој трговијата влијае врз вработеноста и емисиите на CO2.

Повеќе информации на следниот линк:
http://www.wiod.org

Click