2012



Среда, 29 февруари 2012 година

Трговскиот договор за борба против пиратерија пред Европскиот суд на правдата

Европската комисија на 22 февруари оваа година постигна согласност, трговскиот договор за борба против пиратерија - АКТА, да се проследи до Европскиот суд на правдата со цел судот да процени дали на било каков начин договорот е некомпатибилен со основните човекови права и слободи: слободата на изразување, информирање, заштита на личните податоци и правото на интелектуална сопственост.

Последните неколку недели процесот на ратификацијата на договорот АКТА предизвика силни реакции и дебати на социјалните мрежи и низ цела Европа, за слободата на интернетот како и важноста на заштитата на европската интелектуална сопственост за економијата на ЕУ. Реакциите во јавноста се појавија откако Советот во декември минатата година едногласно го усвои договорот и им дозволи на земјите-членки на ЕУ да го потпишат истиот. Европската комисија го предаде договорот на Европскиот парламент за натамошна дебата како и за гласање.

Европската комисија има одговорност пред парламентарните претставници и пошироката јавност да обезбеди точни и детални информации, а највисокит суд во Европа независно толкување на законитоста на договорот.

AKTA претставува меѓународен трговски договор кој ќе им помогне на земјите заедно да работат за поефикасно да се справат со прекршувањето на правата од интелектуална сопственост. За да влезе во сила Договорот, потребно е Европскиот парламент да даде согласност и истиот да се ратификува од сите земји-членки на ЕУ.

Во изјавата дадена од европскиот комесар Де Гухт се наведува декa "Договорот АКТА има за цел подигнување на глобалните стандарди за спроведување на правата на интелектуалната сопственост, кои веќе се содржани во европското право. Со Договорот не се воведуваат нови правила, туку истиот треба да помогне во спроведувањето на она што веќе е регулирано со закон. Договорот нема да предизвика цензурирање или затворање на веб-страници и нема да ја наруши слободата на интернет како и слободата на изразување".

Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент денес ќе го одржи првиот состанок, а за утрешниот ден планирана е дебата со академици, експерти, граѓански организации и претставници од ЕУ. Овој комитет ќе биде одговорен да ги проследи препораките до Европскиот парламент.

На 28 февруари годинава до Комитетот за петиции на ЕП доставени се повеќе од 2,4 милиони потписи од граѓани - корисници на интернет, кои искажале загриженост од договорот АКТА.

За повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/trade/tackling-unfair-trade/acta/index_en.htm

 

Click