2012



Петок, 18 мај 2012 година

УСВОЕН ПАКЕТОТ ЗА ЕВРОПСКАТА СОСЕДСКА ПОЛИТИКА ЗА 2012

Европската соседска политика на Европската унија беше развиена во 2004 година со цел да се избегне појавата на нови линии на поделба помеѓу проширената Унија и нејзините земји-соседи, како и за да се зајакне стабилноста, безбедноста и благосостојбата.

Европската соседска политика претставува билатерална политика меѓу ЕУ и секоја земја-партнер, проширена со регионални и мултилатерални иницијативи за соработка, како Источното парнерство (воведено во Прага во 2009 година), Унијата на Медитеранот (Евро-медитеранско партнерство реафирмирано во Париз во јули 2008-претходно познато како Процесот од Барселона) и Синергијата Црно море (промовирана во Киев во февруари 2008 година).

Во мај минатата година Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика заедно со Европската комисија поставија нов политички договор за измена на Европската соседска политика, базиран на поголема заедничка одговорност и посветеност на универзалните вредности на човековите права, демократијата и владеењето на правото, како и за вклучување на повисоко ниво на диференцијација. На овој начин ЕУ одговори на Арапската пролет и испрати јасна порака на солидарност и поддршка на народите од Јужниот Медитеран, како и напорите кон источното соседство на ЕУ за поблиско политичкото здружување и подлабока економска интеграција.

Рамката за Европската соседска политика е предложена на 16 блиски соседни земји на ЕУ: Алжир, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Египет, Грузија, Израел, Јордан, Либан, Либија, Молдавија, Мароко, палестинската територија, Сирија, Тунис и Украина.

Европската унија во текот на 2011 година превзеде конкретни чекови за спроведување на Европската соседска политика,

  • во однос на трговијата, завршени се преговорите за сеопфатен договор за слободна трговија со Украина, започнати се преговори за договор со Молдавија, Грузија и Ерменија и добиени се преговарачки насоки со Египет, Тунис, Мароко и Јордан;
  • во однос на мобилноста, започнати се партнерски дијалози за миграција, мобилност и безбедност со Мароко и Тунис;
  • во областа на соработката, позитивни примери се проширувањето на Енергетската заедница со Украина и Молдова, кое претставува чекор напред за интеграција на соседни држави во внатрешниот пазар на ЕУ.
  • во однос на граѓанското општество, воспоставени се партнерста со општествата од соседните земји на ЕУ, што претставува основна компонента на политиката.

Новиот пакет за Европската соседска политика беше усвоен на 15 мај  годинава, и истиот претставува доказ за конкретни и значајни чекори за промени на пристапот на ЕУ кон соседите, истовремено и јасна порака за интенцијата на Унијата за зајакнување на  поддршката за регионална соработка.

Пакетот се состои од повеќе документи: заедничка комуникација на Европската комисија и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, како и извештаи за напредокот во спроведувањето на Европската соседска политика во 2011 година во дванаесет соседски земји со кои е постигнат договор за акциски план. Исто така пакетот содржи и два извештаи за регионалниот напредок и оценка за постигнатиот напредок во минатата година во спроведувањето на Источното партнерство и Партнерството за демократија и взаемен просперитет.

За повеќе информации на следниот линк:
http://ec.europa.eu/world/enp/policy_en.htm

Click