Петок, 12 јули 2019 година

СРЕДБА НА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ФРОСИНА ТАШЕВСКА-РЕМЕНСКИ СО ФИНСКИОТ АМБАСАДОР КИМО ЛАХДЕВИРТА

Потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска-Ременски, оствари средба со Кимо Лахдевирта, нерезидентен амбасадор на Република Финска, со седиште во Белград. Соговорниците изразија задоволство од можноста да се сретнат и да разговараат за актуелната општествена состојба, европските перспективи и продлабочувањето на соработката меѓу двете пријателски земји.

повеќе...

 

Четврток, 11 јули 2019 година

ПОДГОТВИТЕЛЕН СОСТАНОК НА РЕГИОНАЛНАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА СЗО ВО КОПЕНХАГЕН

Претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Мирсада Емини-Асани учествува на подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа што се одржува во Копенхаген, Данска на 10 и 11 јули 2019 година. На овој состанок се предлага усвојување на правната рамка за воспоставување на Европска парламентарна мрежа за здравство во европскиот регион на СЗО.

повеќе...

 

Вторник, 9 јули 2019 година

ПОЗИТИВНИТЕ ДОСТИГНУВАЊА ТРЕБА ДА НЕ ПОВРЗУВААТ КАКО СОСЕДИ

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од Фадил Зендели, претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, оствари средба со Дуда Баље, претседателка на Комисијата за човекови права, родова еднаквост, исчезнати лица и петиции од Република Косово и со членовите на истата комисија.

повеќе...

 

Петок, 5 јули 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА, РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ, ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА И ПЕТИЦИИ НА КОСОВСКОТО СОБРАНИЕ

Делегација од  Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав: Фадил Зендели, Сашко Атанасов, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов, Ирена Стефоска, Слаѓана Митовска и Зеќир Рамчиловиќ, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, на 8 јули 2019 година ќе оствари официјална посета на Комисијата за човекови права, родова рамноправност, исчезнати лица и петиции на Собранието на Република Косово.

повеќе...

 

Среда, 3 јули 2019 година

ГОДИШНА СЕСИЈА НА ПС НА ОБСЕ ВО ЛУКСЕМБУРГ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови  на Делегацијата, ќе учествува на 28. Годишна сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 4 до 8 јули 2019 година во Луксембург. 

повеќе...

 

Петок, 28 јуни 2019 година

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА РЕМЕНСКИ И ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА ИВАНОВА НА МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ВО МОСКВА

Потпретседателката на Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ташевска Ременски и генералната секретарка Цветанка Иванова ќе учествуваат на Вториот меѓународен форум „Развој на парламетаризмот“, што ќе се одржи од 1 до 3 јули 2019 година во Москва, во организација на Државната дума на Федералното собрание на Руската Федерација. 

повеќе...

 

Петок, 29 март 2019 година                                                                 

ГРУБИ - ДУЦИНАС: ЗАСЛУЖУВАМЕ ДАТУМ ВО ЈУНИ 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, Артан Груби, имаше средба со  Костас Дузинас, професор по право и филозофија и директор на Биркбек институтот за хуманизам на Лондонскиот универзитет.

повеќе...

 

Четврток, 21 март 2019 година

ОДРЖАНА РАБОТИЛНИЦА СО НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО

Во организација на Парламентарниот институт при Собранието на Република Северна Македонија, а подржано од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ) за Република Северна Македонија, во Кавадарци се спроведе Работилница за надворешните соработници на пратеничките групи на тема: „Зајакнување на административните капацитети во насока на јакнење на законодавната функција на Собранието: постапка за донесување закони, номотехнички правила на изработка на прописи, постапка за донесување буџет и усогласување на домашното со ЕУ законодавството“.

повеќе...

 

Среда, 13 март 2019 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА СО АМБАСАДОРКАТА ГАЛОВЕЈ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Диме Велковски, Шпреса Хадри, Владимир Ѓорчев, Африм Гаши и Сурија Рашиди, кои од 3 до 7 март 2019 година беа во официјална посета на Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, денеска, остварија работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, на нејзина покана.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ДВА МАКЕДОНСКИ ФИЛМА ВО КОНКУРЕНЦИЈА ЗА ЕВРОПСКАТА НАГРАДА „ЛУКС“

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска и „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, се дел од номинираните филмови за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент.

повеќе...

 

Понеделник, 1 јули 2019 година

ФИНСКА – НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО СОВЕТОТ НА ЕУ

Од денеска Финска го презема шестмесечното ротирачко претседавање со Советот на Европската Унија, под мотото: „Одржлива Европа - одржлива иднина".

повеќе...

 

Четврток, 20 јуни 2019 година

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЈА ДОДЕЛИ НОВИНАРСКАТА НАГРАДА „ЛОРЕНЦО НАТАЛИ“

Како признание за значајноста од независно, добро информирано и веродостојно новинарство за развојот на целиот свет, Европската комисија ја додели Наградата за медиуми „Лоренцо Натали“ на тројца новинари, избрани од експерти од областа на новинарството и развојот, и тоа: Голема награда за Гленда Жирон Кастро, Европска награда за Себастиен Рукс и награда за најдобар новинар за Зое Таби.

повеќе...