Неформални групи

Петок, 23 ноември 2018 година

Состанок на Клубот на пратенички за родовиот аспект и климатските промени

Клубот на пратенички во соработка со УНДП, за прв пат во Собранието иницираше спојување на две важни прашања-родовиот аспект и климатските промени.

Во Женската соба, координаторката на клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија, Ѓулумсер Касапи, претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова, како и претставниците на УНДП, НДИ, Министерство за животна средина и просторно планирање и Министерство за труд и социјална политика дискутираа како официјалните комисии и тела во Парламентот можат да дадат свој придонес во поголемо преземање на дејствија насочени кон ублажување и намалување на климатските промени и ранливоста на мажите и жените од климатските промени. 

Главен заклучок на состанокот беше дека оваа проблематика заслужува поголемо внимание и со таа цел, на 3 декември во Собранието, ќе се организира Јавна расправа на тема: Родовиот аспект на климатските промени. 

Со тоа официјално ќе се одбележи и започнувањето на Конференцијата за климатски промени (COP24), каде оваа проблематика добива се поголема важност.    

Click