Активности



Четврток, 26 февруари 2009 година, Ротмиље

СООПШТЕНИЕ 

На 26 февруари 2009 година , по повод одбележувањето на пет години од загинувањето на претседателот Борис Трајковски, делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од г.Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на Република Македонија, ќе отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина за да положи свежо цвеќе на Спомен обележјето.

Делегацијата ќе биде придружувана од  г.Антонио Милошоски, министер за надворешни работи  на Република Македонија,  г.Зоран Иванов, советник за односи со јавноста во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и тројца членови на семејствата на загинатите.

Click