Активности



Петок, 2 декември 2011 година

Тринаесетта седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија, на 13. Седница, одржана на 30 ноември 2011 година, како матично работно тело, во прво читање, ги разгледа:

  • Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта;
  • Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик;
  • Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик;
  • Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2012 година.

Потребата од донесување на Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта ја образложи претставникот на предлагачите на законот, пратеникот Илија Китаноски.

Во расправата по Предлог-законот учествуваа и членовите на Комисијата: г-ѓа Ана Павловска-Данева, г. Кенан Хасипи, г. Мевмет Џемајлоски, г. Џеват Адеми, г. Ердоган Сарач и г-ѓа Весна Бендевска.

Потребата од донесување на Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик ја образложи претставникот на Владата на Република Македонија, г-ѓа Валентина Шаурек, државен советник во Министерството за правда. Таа истакна дека потребата за изменување се појавила поради уредувањето на регистарот на осудени лица за педофилија со посебен закон, а сè со цел поефикасна борба против злоупотреба на малолетници.

Врз основа на расправата и членот 142 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Комисијата едногласно констатира дека Предлог-законот за дополнување на Законот за лична карта и Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Предлог-законот за изменување на Кривичниот законик, во својство на предлагач на законот, го образложи пратеникот Ивон Величковски, кој истакна дека со овој закон се предвидува клeветата и навредата кои го нарушуваат угледот и честа на вршителите на јавни функции да бидат отстранети од Кривичниот законик како кривични дела. Ова се однесува на декриминализацијата на клевета изречена од страна на новинарите, поради тоа што тие се исто така вршители на јавна функција.

Пратеникот Величковски го посочи последниот извештај за напредокот на Република Македонија на Европската комисија, каде што слободата на медиумите е посочена како област во која треба да има подобрување.

Во расправата по Предлог-законот учествуваа и членовите на Комисијата: г-ѓа Ермира Мехмети-Деваја, г. Ивон Величковски, г-ѓа Ана Павловска-Данева, г-ѓа Радмила Шекеринска, г. Кенан Хасипи, г. Ердоган Сарач и г. Митре Велјаноски.

На крајот од расправата, Комисијата со 7 гласа „воздржани” по Предлогoт на  закон за изменување на Кривичниот законик и седум гласа „против“ по Предлогот на закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2012 година, констатираше дека Предлог-законите не се прифатливи и не треба да се дадат на натамошно читање.

Click