Соопштенија

Петок, 16 март 2018 година

Пратеникот Локвенец  во Блед

Пратеникот г. Хари Локвенец  ќе учествува на седницата на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС на ПСЈИЕ), што се одржува на 16 и 17 март 2018 година во Блед, Република Словенија, во рамките на Словенечкото претседателство со ПСЈИЕ.

Се очекува на седницата да бидат утврдени предлогот на дневниот ред и нацртот на Финалната декларација за претстојната Пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ, што ќе се одржи на 13 и 14 април 2018 година во Љубљана, како и работната програма на Парламентарното собрание за периодот 2018/2019 година.

Во рамките на Седницата на Постојаниот комитет предвидена и е дискусија за одредување на седиште на Постојаниот секретаријат на ПС на ПСЈИЕ. 

Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, во кое членуваат парламентите на земјите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Молдавија, Романија, Словенија, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора своите цели и задачи ги базира на принципите на регионална сопственост и европска интеграција. Парламентарното собрание игра значајна улога во промовирањето на парламентарното учество и олеснувањето на интерпарламентарниот дијалог и соработка во регионот, како и во поттикнувањето на процесот на интеграција во Европската унија. 

Click