Активности

Понеделник, 10 декември 2018 година

Да го европизираме Балканот, а не да ја балканизираме Европа 

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, Грамоз Ручи.

Од името на Пратеничката група, задоволство од средбата и благодарност за безрезервната поддршка од пријателска, соседна и земја членка на НАТО, изрази пратеничката Бети Рабаџиевска-Наумовска. 

Едно општество за сите е нашата цел, со почитување на правата на сите граѓани, рече Рабаџиевска-Наумовска. Во духот на добрососедските и меѓуетничките односи, таа ги спомена Охридскиот рамковен договор, Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор. Во насока на почитување на човековите права, е донесувањето на Законот за малцинствата во Република Албанија од 2017 година, вклучувајќи го и македонското малцинство. Собранието и Владата остануваат посветени на евроинтегративните реформски процеси, со крајна цел започнување на ЕУ преговорите во јуни. Значајна е поддршката на Република Албанија за Охридскиот Регион, а во прилог на зајакнување на меѓусебната соработка, потребен е зголемен фокус на инфраструктурата и трговијата, истакна пратеничката Рабаџиевска-Наумовска.

Во својата прва посета на Република Македонија како претседател на Република Албанија, Ручи изрази воодушевување од постигнувањата и издигнувањето над проблемите со кои се соочи нашата земја во изминатиот период. Исто така, тој упати честитки за Договорот со Грција, за вложените напори за решавање на спорот со името. Како земја членка на НАТО, Албанија ни дава безусловна поддршка на овој пат, а заеднички да го изодиме ЕУ патот до јуни.

Сите сме на ист чамец - или ќе излеземе на брегот или ќе потонеме. Да го европизираме Балканот, а не да ја балканизираме Европа - заврши собранискиот спикер Ручи.  

Click