Активности

Четврток, 7 декември 2017 година, Брисел

Груби до Кукан: Oчекуваме поддршка за реализација на барањата на Брисел

Претседателот на Комисијата за европски прашања и пратеник од ДУИ, г. Артан Груби, денеска во Брисел се сретна и со европратеникот г. Едвард Кукан. 

Двајцата соговорници зборуваа за актуелните случувања во земјата, владината коалиција, реформите и за интеграциските процеси.

„За да се олесни интегративниот процес, ние како парламентарно мнозинство, целосно сме посветени на тоа за да ги реализираме сите очекувања од Брисел и очекуваме иста посветеност од нашите пријатели во Брисел“, изјави Груби.

Господин Кукан вети поддршка во напредокот на интегративните процеси во Европската Унија и добивање на датум за почеток на преговорите.


Click