Активности

Среда, 6 декември 2017 година, Брисел

Груби - Фленкенштајн: Европа и земјите членки да нè подржуваат

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, се сретна со германскиот европратеник, г. Кнут Фленкештајн. 

Груби и Фленкенштајн дискутираа за ситуацијата во Македонија и европската перспектива на земјата и регионот.

Пратеникот Груби го запозна европратеникот Фленкенштајн со реализацијата на обврските на земјата, како што се законот за заштитен сведок, верификација на фактите, судскиот совет, изборот на Јавен обвинител и др.

Поддршката на европратениците е многу потребна, не само во европските институции, туку и во нивните матични земји членки на ЕУ, и токму ова Груби го побара од г. Фленкенштајн.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Груби го покани соговорникот да го посети Скопје во месец февруари на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на парламентите на земјите од регионот.

Click