Активности

Среда, 6 декември 2017 година, Брисел

Груби во Брисел: Чиста препорака и датум за преговори

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, ја продолжи посетата во Брисел остварувајќи средба со г. Давид Кулен од Европската комисија, одговорен за изготвување на извештајот за Македонија и Косово.

На средбата, соговорниците ги дискутираа детално настаните во Македонија иреформската агенда и политика на нашата земја.  Господин Груби говореше за предвидените активности на Собранието за завршување на нашите обврски со цел да му се олесни на Брисел чистата препорака, но и давање на датум за почеток на преговорите.

Нашата посветеност кон реформите, владеење на правото и добрососедството се предуслов за добивање чиста препорака од Брисел во пролет, а потоа и датум за почеток на преговорите за членство.  Господин Кулен говореше за видувањата на Брисел во врска со реформските активности во Македонија истакнувајќи ја подготвеноста на Европската унија за конкретни резултати од Скопје.

Господин Груби, на покана на своите колеги од Европскиот парламент, денеска ќе учествува на Европската утринската молитва каде ќе се сретне со многу високи учесници, а попладнето ќе оствари средба и во канцеларијата на Могерини и со европарламентарната тројка. 

Click