Активности

Петок, 2 февруари 2018 година 

Јавна расправа на тема: Ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата 

Комисијата за економски прашања одржа Јавна расправа на тема: Ефектите од примената на Законот за минерални суровини врз животната средина и економијата, во рамки на четвртата седница одржана на 1 февруари 2018 година со почеток во 12.00 часот, во сала „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на Република Македонија. 

Јавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Комисијата за економски прашања, г. Горан Милевски. На седницата на комисијата присуствуваа членовите и замениците на членовите на Комисијата за економски прашања, пратеници, претставници на Владата на Република Македонија, градоначалници, претставници на државните институции, универзитетски професори, експерти, претставници на рударскиот сектор, синдикатите и претставници на невладиниот сектор во Република Македонија.

Во дискусијата беа изнесени различни ставови, мислења и предлози по однос на досегашната примена на Законот за минерални суровини, како и по однос на ефектите од донесувањето на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, предложен од група пратеници, по скратена постапка, врз животната средина и економијата.  

Комисијата за економски прашања подготви Извештај во кој се содржани мислењата, ставовите и предлозите кои беа изнесени на јавната расправа и истиот го достави до Собранието на Република Македонија.

 

Click