Активности

Петок,  2 февруари 2018 година

Јавна расправа по Предлог-законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија одржа Јавна расправа по Предлог-законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција, во рамки на Единаесеттата седница одржана денеска.

Јавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателката на Комисијата за одбрана и безбедност, д-р Фросина Ташевска Ременски. 

На седницата на Комисијата присуствуваа членови и заменици на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеници, претставници на Владата на Република Македонија, поголем број на институции, организации, професори и експерти од областа на одбраната и безбедноста.

Дискусијата беше можност да се изврши увид, темелно да се проучат и да се испитаат прашањата по однос на предлог-законите, нивно доуредување или допрецизирање, како и поголема транспарентност во работата на Собранието на Република Македонија.

Комисијата за одбрана и безбедност ќе подготви Извештај во кој ќе бидат содржани мислењата, ставовите и предлозите кои беа изнесени на Јавната расправа и истиот ќе го достави до Собранието на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи. 

Click