Активности

Четврток, 26 април 2018 година

Неформално дружење на пратениците со членовите на Владата на Република Македонија

Собранието на Република Македонија, со поддршка на Националниот демократски институт, воспоставува новина во однос на комуникацијата меѓу пратениците и членовите на Владата на Република Македонија. 

Паузата предвидена за време на седницата наменета за поставување на пратенички прашања секој последен четврток од месецот, ќе се користи за неформална размена на мислења и информации меѓу пратениците и членовите на Владата на Република Македонија.

Целта на оваа нова пракса е заемно информирање за актуелните прашања, законските предлози кои се во процедура, со што на непосреден начин би можело да се придонесе до подобрување на законските предлози, а со тоа да се изградат и поефикасни институции во служба на граѓаните.

Click