Активности

Петок, 9 ноември 2018 година, Цетиње

Парламентарен форум на тема: „Изборни закони, учесници и кампањи: Дали избирачот е во центарот на вниманието?“

Денеска, членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на Собранието на Република Македонија: Ане Лашкоска, Бетиан Китев и Чедомир Саздовски, учествуваа на 20. Парламентарен форум во Цетиње, кој е во организација на Парламентот на Црна Гора. 

Овогодинешниот Парламентарен форум е на тема: „Изборни закони, учесници и кампањи: Дали избирачот е во центарот на вниманието?“, на кој учествуваат и останатите претставници на Парламентите од Регионот, како и релевантни меѓународни и невладини организации.

Поздравно обраќање на Форумот имаше Иван Брајовиќ, претседател на Парламентот на Црна Гора, а беа одржани две сесии.

Во предпладневната прва сесија на тема: „Унапредување на изборните закони и соработка со меѓународните организации“, учество зеде пратеничката Ане Лашкоска, додека на втората попладневна сесија: „Влијанието на кампањите и финансирањето на политичките актери на изборниот интегритет“, пратеникот Бетиан Китев.

Имајќи предвид дека изборите и изборните системи преставуваат клучни фактори во изградбата на демократскиот систем на модерните држави, унапредувањето на изборните закони - како предуслов за демократски избори, е столб на долгорочната стабилност.

Овој форум беше одлична можност за учесниците за запознавање со искуствата на другите земји, за размена на мислења и идеи, со цел јакнење на парламентарниот дијалог и соработката. 

Click