Активности

Четврток, 11 јули 2019 година

Подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на СЗО во Копенхаген

Претседателот на Комисијата за здравство на Собранието на Република Северна Македонија, Мирсада Емини-Асани учествува на подготвителен состанок на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Европа што се одржува во Копенхаген, Данска на 10 и 11 јули 2019 година.

На овој состанок се предлага усвојување на правната рамка за воспоставување на Европска парламентарна мрежа за здравство во европскиот регион на СЗО.

Целта е да се подигне свеста за глобалната агенда на национално и меѓународно ниво преку колаборативен пристап да се мобилизира политичката волја за подобро промовирање и заштита на здравјето.

Овој подготвителен состанок всушност е можност за решавање на тековните активности предводени од седиштето на СЗО со Меѓупарламентарна Унија (ИПУ) особено за нацртот на ИПУ Резолуција за "Постигнување на универзална здравствена покриеност до 2030 година  со назначена улога на парламентите во обезбедување право на здравје" што се планира да се донесе на 141-вото Собрание на ИПУ.

На состанокот активно учество имаа: регионалниот директор на СЗО за Европа, д-р Пирошка Остлин, амбасадорот од Постојаната мисија на Република Молдавија во ОН, Оксана Доменти, директорот за поддршка и комуникација во земјите од Европскиот регион на СЗО, д-р Луцијана Ликари како и други говорници.

Претседателот Мирсада Емини-Асани во своето излагање даде поддршка за натамошниот развој на европската мрежа на парламентарци нагласувајќи ја улогата на парламентот во промовирање на здравствената политика.

 

Click