Активности

Среда, 20 декември 2017 година

Пратеникот Адеми се сретна со г. Наит Хасани

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г. Џеват Адеми, денеска оствари средба со претседателот на Комисијата за локална самоуправа на Република Косово, г. Наит Хасани, кој престојува во кратка работна посета на Република Македонија.

На средбата беа присутни министерот за локална самоуправа на Република Македонија, г. Сухејл Фазлиу, како и членови на Комисијата за локална самоуправа на Република Косово.

Посакувајќи им топло добродојде, претседателот Адеми со задоволство ја констатираше динамиката на средби на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво, како уште еден доказ за заедничките напори на двете земји за унапредување на меѓусебните  односи.

Притоа, делегацијата се интересирашe околу одредени решенија во Законот за градот Скопје, како пример за нивно искористување и дополнување на актуелниот предог-закон за Град Приштина.

На средбата беа разменети искуства од таа сфера од страна на претседателот на Комисијата за локална самоуправа, г. Џеват Адеми и претседателот на Комисијата за локална самоуправа од Република Косово, г. Наит Хасани.

Соговорниците нагласија дека се отворени за продолжување на понатамошна соработка околу донесувањето на горенаведениот закон во и споделување на позитивните и негативните практики во иднина.

Во однос на парламентарната соработка, беше констатирано дека во иднина ќе се зајакнат односите на двете држави, а соговорниците ја поздравија и успешната соработка во другите области на соработка меѓу двете земји.



Click