Активности

Вторник, 8 октомври 2019 година

Работна средба на Комисијата за локална самоуправа со претставници на НДИ

Комисијата за локална самоуправа вчера одржа Работна средба со претставниците на Националниот Демократски Институт и членови на Комисијата, во врска за спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55 ).

На средбата присуствуваа претседателот на Комисијата, Џеват Адеми и членовите Костадин Ацевски, Весна Пемова и Реџеп Мемеди.

Работната средба беше со цел  подобрување на работата на локалните комисии за односи меѓу заедниците, од аспект на статусот на воспоставени Комисии во сите ЕЛС,надлежност и функции на Комисиите,постоечки услови за работа на Комисиите како и постапка и критериуми за избор на членови на комисии за односи меѓу заедниците.

На средбата едногласно беше договорено во најкус можен рок да се свика Јавна расправа за Разгледување на прашањето за извршување на одредбата на член 55 од Законот за локална самоуправа во врска со формирањето на Комисии за односи меѓу заедниците во општините на подрачјето на Градот Скопје и на територијата на Република Северна Македонија.


Click