Активности

Вторник, 10 септември 2019 година, Париз

Собраниска делегација на седница на Мониторинг комисијата на ПССЕ

Денеска во Париз се одржува седница на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која учествуваат шефот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија, Бетиан Китев и членот на Делегацијата, Никола Попоски. 

На седницата, која се одржува зад затворени врати, ќе се разгледува извештајот за Постмоноторинг дијалогот со Република Северна Македонија за исполнување на обврските и заложбите преземени при приемот во Советот на Европа.

Мониторинг комисијата е одговорна за проверка на исполнувањето на обврските преземени од страна на државите членки според условите на Статутот на Советот на Европа, Европската конвенција за човекови права и сите други конвенции на Советот на Европа, како и почитување на обврските преземени од страна на властите на земјите членки по пристапувањето во Советот на Европа. Членовите на Комисијата се именувани од страна на шесте политички групи во Собранието.

Пратениците Китев и Попоски разменија мислења со членовите на Мониторинг комисијата пред Извештајот за нашата држава да биде ставен на дневен ред на редовната есенска сесија на Парламентарното собраание на Советот на Европа која ќе се одржи од 30 сптември до 4 октомври во Стразбур.

Извештајот за постмониторинг дијалогот со Република Северна Македонија опфаќа прашања врзани со развојот на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права. Откако Комисијата ќе го усвои, Извештајот ќе биде јавно објавен. 

Click