Активности

Вторник, 6 февруари 2018 година

Средба на Делегацијата на Собранието во ПС на НАТО со политичкиот директор, г. Хенрик Блидал

Во функција на подготовка на 98.Рос-Рот семинар на Парламентарното Собрание на НАТО, што ќе се одржи од 27 до 29 јуни 2018 година во Скопје, Република Македонија, во дводневна посета на Република Македонија престојуваа г. Хенрик Блидал, политички директор во ПС на НАТО и г-ѓа Роберта Калорио,координаторка за Рос-Рот семинари.

Во рамките на Програмата, беше остварена средба со г. Илија Димовски, шеф на Делегацијата, г-ѓа Катерина Кузмановска и г. Весел Мемеди, членови на Делегацијата, г. Костадин Костадинов и г. Африм Гаши, заменици-членови на Делегацијата.

На средбата беа разменети заемни согледувања поврзани со подготовката на овој многу значаен семинар кој ќе се одржи во круцијален момент, на само десетина дена пред одржувањето на Самитот на НАТО во Брисел, кога Република Македонија очекува конкретен позитивен исчекор како финализација на нејзината евроатлантска интеграција. Заедно со членовите на Делегацијата беа споделени акутелните состојби на планот на реформите во контекст на НАТО интеграцијата, на подобрувањето на добрососедските односи, пристапот кон регионалната безбедност, инклузивноста на сите институции во евроатлантската интеграција како процес кој речиси две децении успешно се спроведува. Притоа, беше потенцирано дека евроатлантската агенда е врвен државен стратешки приоритет и ужива високи 71% граѓанска поддршка, што претставува јасен сигнал кој сите политички субјекти треба да го следат и почитуваат. 

Во контекст на значењето за Република Македонија од одржувањето на претстојниот Рос-Рот семинар, соговорниците ги истакнаа очекувањата дека овој еминентен меѓународен настан ќе испрати силни политички пораки насочени на стратешката цел - конечна и целосна НАТО интеграција на Република Македонија, како и јасна и недвосмислена визија за мирен, стабилен и безбеден регион на Западен Балкан.  



Click