Активности

Петок, 15 ноември 2019 година

Средба на потпредседателот Рамчиловиќ со заменик-министерот за политички систем и односи за заедниците, Неџад Мехмедовиќ  

Денешната средба на потпредседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Зеќир Рамчиловиќ со заменик-министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Неџад Мехмедовиќ, помина во конструктивна атмосфера, каде што беа разменети многу важни информации и мислења за положбата на помалкубројните етнички заедници во државата и процесите врзани за унапредувањето на положбата.

На средбата беше разговарано за двата значајни документи усвоени од Владата, Националната Стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам и Предлог-законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 % од населението во Репубика Северна Македонија. Рамчиловиќ особено внимание посвети на Предлог-законот за правата на заедниците со цел носење на квалитетен закон и усвојување.

На крајот и двајцата соговорници се согласија дека ќе го дадат свој придонес во ефективна имплементација на прописите со кои ќе се унапреди положбата на помалкубројните народи и на сите граѓани на државата.

Click