Активности

Четврток, 14 декември 2017 година

Средба на пратеникот Димитриев со ЕУ експертот Варанезе

Претседателот на Комисијата за надзор надспроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациитеод страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, г. Емил Димитриев, денеска оствари средба со експертот од Европската Унија, г. Маурицио Варанезе.

На самиот почеток, претседателот Димитриев изрази благодарност за посетата која е резултат на почитта кон помошта што се дава на Комисијата за реформите во безбедносниот сектор.

На средбата, исто така, стана збор и за составот на Комисијата, тековните реформи во областа на безбедноста, како и генерално за моменталната политичка ситуација во земјата.

Експертот од Европската Унија, г. Варанезе и претседателот на Комисијата, г.  Димитриев, разменија информации и предлози во насока на подготовката на законските измени за реформите на безбедносните служби коишто произлегуваат од Извештајот на Прибе и нивната понатамошна имплементација.



Click