Активности

Понеделник, 18 декември 2017 година

Средба на пратеникот Попоски со г. Сијарто

Претседателот на Советот за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија, г. Никола Попоски, денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија, г. Петер Сијарто, во рамки на неговата официјална посета на Македонија.

„Кога ќе влеземе во ЕУ зависи од членките на ЕУ, но кога ќе се европеизираме зависи само од нас самите. Затоа, вниманието треба да ни биде на зајакнувањето на институциите и примена на законите повеќе отколку на што било друго“, истакна Попоски.

Сијарто ја повтори поддршката од Унгарија во евроатлантските аспирации на Македонија, потенцирајќи го континуираниот напредок што државата го остварува во насока на процесот на проширување на ЕУ и НАТО. Тој потврди дека Македонија беше верен партнер на Унгарија во менаџирањето на мигрантската криза, како заштитник на надворешната граница на ЕУ.

Двајцата соговорници констатираа дека местото на Македонија е во европското семејство, за што неколкупати досега ја докажала својата улога како заслужен член на Унијата. 

„Пред и по членството, стабилноста на државата зависи од односите на соседите. Тоа е случај за Македонија, колку што е и за Унгарија“, заклучија соговорниците.  

Click