Активности

Среда, 25 октомври 2017 година

Заедничка средба на Комисијата за транспорт, врски и екологија, Комисијата за економски прашања и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство со г-ѓа Хилари Смит и г. Џон Мекнил

Комисијата за транспорт, врски и екологија, заедно со Комисијата за економски прашања и Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, одржаа средба со г-ѓа Хилари Смит, рударски инженер и раководител на проекти во Бирото за природни ресурси (ONRR) при Министерството за внатрешни работи, задолжено за заштита и управување со природните ресурси и културното наследство на САД и со г. Џон Мекнил, јавен обвинител во САД, којшто има работено на повеќе случаи од областа на криминалот во животната средина.

Претседателката на Комисијата за транспорт, врски и екологија, г-ѓа Лилјана Затуроска, им посака добредојде на уважените гости г-ѓа Хилари Смит и г. Џон Мекнил, како и на членовите и замениците на членовите од Комисијата за транспорт, врски и екологија, членовите и замениците на членовите од Комисијата за економски прашања и на членовите и замениците на членовите од Комисијата земјоделство, шумарство и водостопанство. Од името на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседателот Љупчо Димовски ги поздрави гостите.

На средбата г-ѓа Хилари Смит имаше презентација на тема: „Приказ на агенциите задолжени за заштита на животната средина во САД, нивната структура и правата и обврските при спроведувањето на законите од областа на животната средина".Откако заврши презентацијата на г-ѓа Смит, на средбата свое излагање имаше г. Џон Мекнил, кој истакна дека е правен советник и негова обврска е да помага со совети и притоа да изготви експертиза за многу прашања коишто се однесуваат на владеењето на правото, како и директно да разговара со пратениците во Собранието на Република Македонија.

На средбата беа разменети мислења, сугестии, ставови, искуства и беа поставувани прашања кои се однесуваат на унапредување на животната средина. 

Во дискусијата учествуваа пратениците: г-ѓа Лилјана Поповска, г. Љупчо Димовски, г. Панчо Минов и г. Сашо Василевски, како и претставникот од Министерството за животна средина, г-ѓа Беса Татеши.


Click